Њујорк забранува продажба на бензинци и дизелаши

- Advertisement -

Жителите на сојузната држава Њујорк ќе можат да купуваат дизелаши и бензинци уште 14 години, а потоа ќе можат да продаваат само возила со нулта емисија на стакленички гасови. Се поголем број на сојузни американски држави и други држави ширум светот воведуваат слични забрани. Новиот закон кој го донесе државата Њујорк ќе почне да важи од 2035 година, според кој повеќе нема да смее да се продаваат автомобили со мотори со внатрешно согорување, туку само автомобили со нулта емисија на гасови. Носењето на овој закон е еден чекор понапред во исполнувањето на целите за намалување на емисијата на стакленички гасови за 85% до 2050 година.

После носењето на законот сега за Њујорк следуваат големи предизвици за остварување на таа цел. Имено, моментално уделот на електричните автомобили во продажбата на вкупниот број автомобили е околу 1% и во текот на наредните 14 години тој процент треба многу да се зголеми. За да го остварат тоа, за почеток мора да се изедначат цените на возилата со нватрешно согорување со цената на електричните возила. Во тоа ќе помогнат државните субвенции за купување електрични автомобили.

- Advertisement -

Она што е неопходно за таквата транзиција е и инфраструктурата, односно изградбата на доволно станици за полнење. Едно од можните решенија е и поставување на полначи во бандерите за јавно осветлување.

(Dnevnik.hr)

- Advertisement -

Фото – Pxhere

Сподели!
- Advertisement -