Вчера на прес-конференција Apple ги претстави своите нови гаџети. Тим Кук и неговиот тим ги претстави новите телефони од серијата iPhone 13. Како што и се најавуваше, намален е т.н. notch во кој е сместена предната камера и сензорите. Камерите од задната страна сега се поставени дијагонално. Моделите iPhone 13 и iPhone 13 мини имаат ист дизајн, а единствената разлика е во големината на екранот. Новиот екран е за 28% посветол, а и двата модели имаат ист чипсет – A15 Bionic.
Новиот шестјадрен процесор е за 50% побрз од конкуренцијата, додека графиката е 30% побрза, барем според тврдењата на Apple. Се разбира дека и камерите се подобрени, а претставен и кинематографски мод за снимање видеа со кои може да се фокусираат предмети со заматена позадина.
iPhone 13 има брз чип, брз 5G и посветол екран, но и поиздлива батерија која трае 1,5 час подолго од iPhone 12. Причината за тоа е поголемата батерија, но и подобрата оптимизација. Цената е 699 долари за моделот Mini со 128 GB простор за складирање, односно 799 долари за моделот iPhone 13 со истата количина простор за складирање.
Моделите iPhone 13 Pro и Pro Max доаѓаат со нова системска камера, нов екран и поголема батерија. Имаат чипсет A15 Bionic и уште подобра графика која е за 50% побрза во однос на конкуренцијата. Super Retina XDR екранот доаѓа со технологија ProMotion со променлива фреквенција на освежување од 10 до 120 Hz. Дијагоналата на екранот е 6,1 и 6,7 инчи.
Во однос на камерите има нов систем на камери, од кои телефото камерата доаѓа со троен оптички зум, ултраширока камера со автофокус и овозможува макрофотографирање до оддалеченост од 2 см. Сите камери имаат опција за ноќна функција. Како и обичните модели и Pro моделите доаѓаат со помоќна батерија. БНатеријата на iPhone 13 Pro трае 1,5 час подолго од претходникот, додека на iPhone 13 Pro Max трае 2,5 часа подолго од iPhone 12 Pro Max. Моделот Pro е 999 долари, а iPhone 13 Pro Max е 1099 долари.
(Zimo)
(фото: YouTube)