Компанијата Telemach на конференција за печат ги претстави резултатите и плановите за изградба на своја 10 гига оптичка мрежа и 5G технологија. Како шо истакнаа на самиот почеток од Telemach Hrvatska, последната година, откако Telemach е дел од United Grоup, значајно се зголемени инвестициите, а со тоа и растот.
„Telemach дојде во Хрватска за да стане лидер. Ние сме оператор кој ги исполнува своите ветувања и со гордост можеме да кажеме дека 10 гига оптичката мрежа која ја градиме ќе биде уверливо најбрза во Европа. Станува збор за технологија која моментално се развива уште само во Сингапур и во Јужна Кореја“ соопштија од компанијата.
Уште сега корисниците во Нов Загреб имаат прилика да користат 10 гига оптичка мрежа, а во план е и ширење на мрежата на остатокот од Загреб, а потоа и пошироко во Хрватска. Така, благодарение на нивната инвестиција во инфраструктура, Загреб ќе стане првиот 10 гига град во регионот, а најбрзата оптичка мрежа наскоро ќе ја добие и цела Хрватска.
Изградбата на 10 гига мрежата е само дел од инвестицискиот циклус тежок околу 230 милиони евра во модернизација на мобилната и изградба на оптичка мрежа на Telemach.
(Zimo)
(фото: Telemach Hrvatska)