Почнува кампања за значењето на автохтоната македонска медоносна пчела

- Advertisement -

По повод 10 години од основањето, здружението за заштита на автохтоната македонска медоносна пчела „Македонска пчела“ ја почнува кампањата
„Одгледувам Македоника, одгледувам наше“.

Целта на кампањата е подигнување на јавната свест за значењето од одгледување на автохтоната медоносна пчела, но и поттикнување на надлежните институции да посветат повеќе внимание на оваа тема и да ја продлабочат соработката со граѓанските организации.

- Advertisement -

Кампањата ќе се води преку социјалните мрежи. Предвидено е снимање промотивен видео спот, а доколку се создадат услови ќе бидат реализирани и средби и работилници „лице в лице” со сите засегнати чинители.

-Популацијата на македонската медоносна пчела Apis mellifera macedonica кај нас е
идентификувана и потврдена како автохтон подвид. Но, последните неколку години зачестена е нелегалната продажба на пчелни матици од „увезени“ комерцијални и неавтохтони подвидови на медоносни пчели со што се „контаминира“, односно хибридизира популацијата на автохтоната
медоносна пчела. Хибридизираните пчели се со намалена виталност, потешко презимуваат и не обезбедуваат рентабилно пчеларење на подолг рок. Како најголем и најсериозен проблем од сето ова е нарушувањето на биолошката разновидност. Со ваквите негативни влијанија, пчеларскиот сектор се доведува во незавидна ситуација, со економски штети кои можат да бидат од голем
размер, велат од здружението.

- Advertisement -

Според „Македонска пчела“, само преку сериозен пристап кон оваа тема и преку заедничка соработка на сите засегнати страни и чинители, ќе се елиминираат голем број несакани појави поврзани со македонската медоносна пчела.

Фото – Pikist

Сподели!
- Advertisement -