Болниците, старечките домови и здравствените центри суспендираа околу 3.000 работници низ цела Франција кои не го почитуваат новиот закон за задолжителна вакцинација против КОВИД-19.
Додека Италија денес треба да објави дека ќе биде задолжителен негативен КОВИД-тест или доказ за вакцинација за сите вработени, што е многу построга мерка отколку која било земја во регионот, Холандија планира слични мерки, но забраната ќе се однесува само на баровите и клубовите.
Францускиот претседател Емануел Макрон на средината на јули одлучи да воведе слични мерки како Холандија за влез во ресторани, сали за вежбање и во музеи. Откако новата мерка за задолжителна вакцинација стапи на сила вчера, веднаш почнаа да се чувствуваат ефектите.
Според локалните медиуми, речиси 450 здравствени работници во Ница биле суспендирани во само една болница. Владата вели дека во државата уште не владее хаос, затоа што, како што велат, во здравствениот сектор има 27 милиони работници.
(Reuters)
(фото: Pxhere)