Предупредување: Озонската дупка над Антарктикот е поголема од вообичаеното

- Advertisement -

Озонската дупка над јужната хемисфера оваа година е поголема од вообичаеното, a веќе ја надмина големината на Антарктикот, објави денеска службата за атмосферска надзор на Европската унија, Коперникус.

Од службата наведуваат дека озонската дупка, која се појавува секоја година во текот на пролетта на јужната хемисфера, е значително зголемена во изминатите недели, пренесува АП.

- Advertisement -

„Се соочуваме со прилично голема и потенцијално длабока озонска дупка“, рече шефот на Коперникус, Винсент Анри Пеш.

Атмосферскиот озон ја апсорбира ултравиолетовата светлина што доаѓа од сонцето. Неговото отсуство значи дека повеќе од ова високоенергетско зрачење стигнува до Земјата, каде што може да им наштети на живите клетки.

- Advertisement -

Фото – Flickr

Сподели!
- Advertisement -