Rolls-Royce го создаде најбрзиот целосно електричен авион во светот

- Advertisement -

После само една година работа Rolls-Royce успешно го направи првиот лет со својот целосно електричен авион, кој воедно е најбрзиот електричен авион во светот и може да достигне брзина до 482 км/ч. Летот траел само 15 минути. Ако се има предвид дека авиоиндустријата е одговорна за 2,8% од вкупната емисија на стакленички гасови, напорите за подобрување на ефикасноста на авиопревозот се повеќе од опрадвани, а ваквите достигнувања се од историско значење.

Rolls-Royce се обврза да произведе мотори за биогориво до 2023 година и до 2030 година производи со нула емисија на гасови. За да го постигне тоа компанијата го направи најмоќниот хибриден генератор, а работи и на најголемиот мотор за авион кој ќе има 25% помала емисија отколку Trent моторите, кои моментално ги користат најголем дел од авионите.

- Advertisement -

„Фокусирани сме на производство на технологија која ќе го револуционизира општеството за да го декарбонизира транспортот во воздух, на копно, по море и да ја искористиме економската можност на транзицијата кон нула емисија на гасови“ велат од Rolls-Royce.

Компанијата планира да го собори светскиот рекорд во пресрет на COP26, конференцијата за климатски промени на ОН, која ќе се одржи во ноември годинава. Во иднина компанијата планира да понуди целосно електричен систем за пропулзија, кој може да биде интегриран и во возилата со вертикално полетување и слетување.

- Advertisement -

(Interesting Engineering)

(фото: YouTube)

Сподели!
- Advertisement -