Во вторникот во Истанбул, Турција, беа доделени наградите на Business Elite’s Awards „40 under 40”, каде Бранко Стојкоски, Раководител на експозитура на НЛБ Банка АД Скопје, беше награден меѓу 40-те најуспешни лидери во Југоисточна Европа до 40 години. Водител на церемонијата беше познатиот турски актер и изведувач Јусуф Емини.
„Чест ми е да застанам тука покрај сите вас и да ја прифатам оваа награда. Благодарам на Business Elite’s Awards за оваа награда, а особено ѝ благодарам на мојата компанија НЛБ Банка и на тимот кој ми ја дава својата поддршка сите овие години“, изјави Бранко.
Business Elite’s Awards претставува престижна програма за наградување и вмрежување на извонредни претприемачи и бизнис лидери, со мисија за проширување и зголемување на деловните можности и меѓународни соработки помеѓу бизнисите.
Наградите „Business Elite’s“ се заштитен знак на Global Top Brand Awards, основани во 1985 година во Торонто, Канада и имаат за цел да ги идентификуваат извонредните поединци ширум светот кои се издвојуваат по својата посветеност и професионален успех.
(Denar.mk)
(фото: Denar)