Audi претстави концепт на луксузен електричен автономен автомобил во кој можете буквално да живеете. Од Audi сметаат дека во иднина автономните автомобили ќе мора да понудат многу повеќе од асистенција во возење или целосно автономно возење. Затоа развија концепт на електричен луксузен седан наречен Grandsphere, кој има систем за автономно возење ниво 4, односно може да ве вози самостоно во ограничени услови, но тоа што инженерите и дизајнерите на гигантот сакаат да го понудат е удобност на дневна соба на тркала.
Тоа значи дека воделе многу сметка за тоа ентериерот да биде простран, воланот по потреба да може да се тргне настрана, а системот infotainemnt е интегриран во дрвените површини кои проектираат слика и ви овозмоуваат да гледате филмови и телевизија. За уште повеќе да можете да се забавувате во потпирачите за раце има сетови за виртуелна реалност.
Што се однесува на техничките елементи, Audi тврди дека автомобилот ќе има досег од 750 км благодарение на батерискиот пакет од 120 kWh, a 800-ватната архитектура за полнење овозможува за само 10 минути полнење на батеријата да имате доволно енергија за 300 км возење.
Засега уште не е познато дали и кога Audi овој концепт ќе се претвори во конкретно возило кое ќе се најде на пазарот, но сигурно дел од технологијата која ја содржи ќе се интегрира во некои нови модели.
(Vidi.hr)
(фото: YouTube)