25-те најбогати семејства во светот сега се побогати за над 300 милијарди долари

- Advertisement -


Магазинот Blооmberg го објави рејтингот на најбогатите семејства во светот. На прво место се најде семејството Волтон со богатство од 238,2 милијарди долари. Семејството Волтон ги поседува супермаркетите Walmart. За последните 12 месеци нивнотот богатство пораснало за 12 милијарди долари.

На второ местo се најде семејството Марс со богатство од 141,9 милијарди долари, Семејството Марс се производители на кондиторските производи Mars. На трето место е семејството Кох, кои се сопственици на Koch Industries со богатство од 124,4 милијарди долари.

- Advertisement -

Меѓу првите 25 најбогати семејства во светот е и индискиот клан Амбани (Reliance Industries) со богатство од 93,7 милијарди долари, француското семејство Вертамер, кои го поседуваат брендот Chanel, со 61,8 милијарди долари, како и семејството Ерме, кое ја поседува модната марка Hermes, со 111,6 милијарди долари. Меѓу нив е и кралското семејство на Саудиска Арабија со 100 милијарди долари.

Како што наведува Bloomberg, богатството на 25 најбогати семејства во светот изнесува вкупно 1.700 милијарди долари. Тоа е за 22% или 312 милијарди долари повеќе отколку минатата година.

- Advertisement -

(Sputnjik)

(фото: Pix4free)

Сподели!
- Advertisement -