Кинеските деца ќе можат да го користат кинескиот TikTok само 40 минути дневно

- Advertisement -

Кинезите продолжуваат со прилично радикалните потези со коишто сакаат да ги заштитат децата од проблемите кои им се закануваат поради претераната употреба на онлајн светот. Тие не мислат да запрат со ограничувањата за младите кога се во прашање мобилните уреди.

Прво го ограничија играњето видеоигри за помладите од 18 години на само 3 часа неделно затоа што некои истражувања покажуваат дека премногу време поминато пред екран, освен кратковидност, може да предизвика и ментални проблеми. Исто така, кинеската влада не е многу склона ни кон кинеските интернет селебрити, односно инфлуенсерите и особено предупредуваат на опасностите по младите кои се заслепени од нив и ги третираат како божества.

- Advertisement -

Инфуленсерите најмногу ги следат на социјалните мрежи, а една од најпопуларните мрежи во последно време е TikTok. Оваа мрежа е особено популарна меѓу младите корисници во целиот свет, па така и во Кина, каде што ByteDance имка верзија под друго име – Douyin. Кинеската верзија на оваа мрежа сега доби посебен мод за младите кој е наменет за помладите од 14 години, на кои времето на користење на апликацијата сега ќе им се ограничи на многу малку.

Имено, како што објавија од ByteDance, помладите од 14 години ќе можат да ја користат нивната апликација од 6 наутро до 10 навечер, но во период од само 40 минути во текот на тие 16 часа.

- Advertisement -

(Reuters)

(фото: Pixabay)

Сподели!
- Advertisement -