Австрија ќе ги отвори своите скијачки центри, за претстојната зимска сезона, но со одредени ограничувања за љубителите на зимските спортови.
Операторите на жичарниците може да пуштаат само лица кои ќе предочат доказ дека се вакцинирани или тестирани и негативни на коронавирусот или дека прележале ковид-19, објави денеска австриската Влада.
Иако за ски-лифтовите нема да треба да се внимава на физилката дистанца и ограничување на капацитетот, сепак патниците ќе мора на лицето да носат заштитна маска FFP2.
„Убедена сум дека со овие утврдени услови во нашата земја ќе може да имаме безгрижна и сигурна сезона“ – изјави министерката за туризам Елизабет Кестингер.
Доколку во текот на сезоната се зголеми бројот на пациенти со коронавирус на одделенијата за интензивна нега, мерките ќе бидат проширени, информираат од австриската Влада.
Фото – PxHere