Во која земја луѓето најмногу вежбаат?

- Advertisement -

Глобалната компанија за истражување на пазарот Ipsos спроведе истражување во 29 земји на 22.000 поединци за да ги открие нивните фитнес навики. На врвот на листата се најде Холандија, каде што луѓето во просек вежбаат по 12,8 часа неделно или речиси 2 часа дневно.

Германија и Романија се следни, каде што просечното време на вежбање неделно е 11 часа. Во 5 од земјите луѓето вежбаат помалку од 4 часа неделно: Бразил, Италија, Чиле, Франција и Јапонија. Една третина од Јапонците воопшто не вежбаат.

- Advertisement -

На глобално ниво петте најчести физички активности се фитнес, трчање, возење велосипед, фудбал и пливање.

Повеќе од половина од Кинезите, 53%, редовно трчаат, Индијците најмногу возат велосипед (31%), жителите на Перу најмногу практикуваат фудбал (23% играат фудбал).

- Advertisement -

Истражувањето покажало дека мажите вежбаат малку повеќе од жените – просечно 6,9 часа неделно, наспрема жените со 5,4 часа неделно. Луѓето во САД и во Велика Британија најмалку сакаат тимски спортски активности.

Глобално најголемата пречка за континуирана физичка активност е недостигот од време. Тоа е случај кај 37% од испитаниците. Втората причина се финансиите – 18%, а третата причина се премногу ладното или премногу топлото време – 17%.

- Advertisement -

(World Economic Forum)

(фото: Pixabay)

Сподели!
- Advertisement -