ВИДЕО: Посебен прашок може да ја претвори нечистата вода во вода за пиење

- Advertisement -

Можете ли да замислите некоја нечиста вода со кафеава боја, во која јасно може да се види нечистотијата, одеднаш да стане чиста и проѕирна и безбедна за пиење? Сега тоа не е невозможно.

Истражувачи создадоа посебен прашок наречен Poly-Glu кој кога ќе се стави во нечистата вода автомaтски ја чисти и ја претвора во вода безбедна за пиење. Прашокот функционира како коагулант, се врзува за честичките нечистотија и ги влече на дното.

- Advertisement -

Во таа состојба водата уште не е безбедна за пиење. Потоа треба да се процеди низ филтер и така се добива вода која може да ја пијат луѓето.

Едноставните решенија како ова може да спасат милиони животи. Еден од 10 луше во светот немаат пристап до вода за пиење, а секој ден 800 деца умираат од болести поврзани со нечистата вода.

- Advertisement -

(World Economic Forum)

(фото: Flickr)

Сподели!
- Advertisement -