Microsoft направи безжично глувче од рециклирана пластика од океан

- Advertisement -

Компанијата Microsoft направи глушец наречен Ocean Plastic Mouse, кој е направен од пластика од океаните. Школката на глушецот е делумно (20%) направена од пластичен отпад од океаните. Со процесот на обработка настанува пластична смола, која се меша со други материјали, а од таа мешавина на крај настанува глушец.

Освен тоа, амбалажата во која доаѓа глушецот е направена од дрво и шеќерна трска и исто така може целосно да се рециклира, а не содржи никаква пластика. Исто така, може бесплатно да се испрати стариот глушец на рециклирање во Microsoft.

- Advertisement -

Ocean Plastic Mouse има три копчиња, поддржува Bluetooth 4.0 и има домет до 10 метри. Од Microsoft тврдат дека глушецот работи со една AA батерија до 12 месеци. Продажбата на глушецот почнува на 5 октомври по цена од 25 долари.

(Klix.ba)

- Advertisement -

(фото: YouTube)

Сподели!
- Advertisement -