Нов онлајн музеј посветен на историјата на мобилните телефони треба да се појави во ноември. Музејот ќе содржи повеќе од 2.000 уникатни модели на телефони од 200 различни производители. Музејот на мобилни телефони ќе го прикажува развојот на мобилните телефони од 1984 година до денес.
Музејот го создаде експертот за мобилни телефони Бен Вуд, кој исто така е главен аналитичар во компанијата за технолошки истражувања CCS Insight, заедно со неговиот колега ветеранот во мобилната индустрија Мет Чатерли, со цел во иднина да создадат мобилни физички изложби за што повеќе луѓе да ја видат збирката од телефони.
Онлајн музејот ќе ги содржи првите мобилни теледони, кои често беа големи и тешки, едвај преносливи, како и најновите паметни телефони на преклоп.
„Собирам телефони над 25 години. Во последните три децении мобилните телефони станаа дел од општественото ткиво, а разноликоста на дизајнот, од првите преносни телефони до најновите телефони со флексибилен екран, се нешто што треба да се види“ вели Вуд.
(Dnevnik.hr)
(фото: Flickr)