Роботи ќе ги заменат земјоделците во работата на нива, во Калифорнија почнаа тестирањата

- Advertisement -

Дали роботите со вештачка интелигенција би можеле во иднина да ги заменат земјоделците во нивната работа на нива? Ова прашање се поставува откако стартап-от Iron Ox од Силиконската долина во Калифорнија се пофали дека разработува технологија, со која земјоделскиот сектор на глобално ниво би станал климатски неутрален, пишува Јаху.

Тие веќе обезбедиле инвестиции од 47 милиони евра за овој проект, вклучувајќи и средства од Бил Гејтс. Идејата е со вклучувањето на роботите во земјоделското производство да се намали глобалниот процент на храна низ светот што се фрла.

- Advertisement -

Роботите во иднина би можеле да одгледуваат храна, но и да се надминуваат проблемите со кои се соочуваат земјоделците денес, како што се: недостигот на вода, тешкотии при пронаоѓање на дополнителна работа сила (сезонски работници), создавањето на отпад и слично.

Роботите Гровер и Ада на фарма во Калифорнија веќе работат на одгледување на босилек, јагоди и други земјоделски култури.

- Advertisement -

Инаку, роботизираниот систем гарантира обезбедување на оптимално ниво на сонце, вода и храна за земјоделските култури. Притоа, Ада е роботската рака до која стигнуваат свежите производи, додека Гровер е задолжен да ги пренесе производите до станицата за дозирање. На оваа локација, сензори вршат проверка на храната и нејзините материи пред да се пуштат во дистрибуција.

Од Iron Ox велат дека автоматизираното земјоделско производство го намалува негативното влијание врз животната средина на тој начин што го намалува количеството на вода што се троши за наводнување, но и количеството на создаден отпад. Исто така, нивното тврдење е дека приносот од овој начин на одгледување е поголем од стандардното земјоделско производство.

- Advertisement -

(Meta.mk)

(фото: Flickr)

Сподели!
- Advertisement -