Се отвори НАТО Центар за поддршка кој ќе им помага на компаниите да учествуваат на тендери на Алијансата

- Advertisement -

Преку НАТО Центар за поддршка на домашните компании што од денеска ќе функционира во Министертсвото за одбрана, фирми од земјава ќе може да учествуваат на тендери за потребите на Северноатлантската алијанса, кои на годишно ниво изнесуваат 5 милијарди евра.

Премиерот Зоран Заев, министерката за одбрана Радмила Шекеринска и заменик-министерот за финасиии Димитар Ковачевски на прес-конференција истакнаа дека преку центарот компаниите имаат можност да учествуваат во постапките за набавките на НАТО и земјите членки.

- Advertisement -

НАТО Центарот за поддршка ќе биде точка од која компаниите ќе ги добиваат сите информации за учество на тендерите.

– Компаниите имаат можност да станат деловен партнер на Алијансата, за што ќе добиваат сеопфатна поддршка. Државата ќе помага, но најмногу ќе зависи од подготвеноста на компаниите да се прилагодат и да учествуваат во тендерите на НАТО. Секој добиен тендер не е само поголем профит и сериозна референца за компаниите, туку и плус приход за нив и придонес за развој на државата, рече Заев.

- Advertisement -

Шекеринска, пак, порача дека во НАТО центарот домашните компании ќе имаат поддршка, не само административна, туку и за успешно аплицирање на тендери и поврзување со светските гиганти кои веќе имаат договори со НАТО-агенциите, а имаат потреба и од добавувачи.

– Нашето членство во НАТО Алијансата сакавме да го гледаме и како шанса за зголемена ефикасност и мислам дека денешното отворање официјално на Центарот покажува дека навистина сме  ја зголемиле ефикасноста и на нашите институции. Со навистина многу добра соработка со Министерството за финансии успеавме во многу брз рок да се донесе законот којшто ни ја даде шансата да се формира Центарот и да се отвори процедурата за домашните компании, рече Шекеринска.

- Advertisement -

Информира дека веќе има и заинтересирани компании кои сакаат да ја почнат процедурата за учество во НАТО тендери

Членството на НАТО, посочи Шекеринска, треба да се искористи не само како поттик и зголемување на нашата безбедност, туку и како дополнителна шанса за економијата.

Заменик министерот за финансии Ковачевски најави дека ќе има интензивна соработка со стопанските комори и со компаниите на кои им стојат на располагање да им помогнат да се вклучат во тендерските постапки на НАТО, вредни пет милијарди евра на годишно ниво.

Тој укажа и дека искуството на сите земји членки покажало дека со вклучувањето во НАТО, покрај зацрврстување на безбедноста, се оставруваат и бројни економски бенефити за државата.

Сподели!
- Advertisement -