Познатата светска рударска компанија Roy Hill, која, меѓу другото, управува со најголемиот рудник на железна руда во Австралија, за своите потреби ја купи електрично-батериската локомотива на компанијата Wabtec, која од 2023 година ќе почне да влече возови во САД. Локомотивата на Wabtec со капацитет на електричниот погон од 7 MWh доаѓа со FLXdrive технологија, која на хибрдините возови значително им ги намалува трошоците и емисијата на штетни состојки во атмосферата.
Тоа значи дека FLXdrive локомотивите засега нема да имаат можност за самостојно влечење на возови, туку ќе работат во тандем со дизел локомотиви, со што возовите ќе стануваат хибридни возила. технологијата носи регенеративно кочење, што значи дека при секое кочење FLXdrive локомотивата ќе ги полни своите батерии, што на крај ќе резултира со намалена потрошувачка на гориво за 30%.
(Vidi.hr)
(фото: Wabtec)