ВИДЕО: Роботот Gitamini ќе ве следи како куче и ќе ви ги носи кесите

- Advertisement -

Ако не сакате да носите ранец или торба во рацете, италијанската компанија Piaggio Fast Forward има решение со кое вашите работи секогаш ќе бидат крај вас, но нема да ги носите во раце. Tие го претставија мини роботот Gita.

Со оглед на тоа дека за секој производ може да се најде купувач, сигурно роботот ќе привлече одреден број на луѓе. Роботот има централен дел за чување работи и две тркала, а сопственикот го следи по патот како куче. Ако навистина не сакате да носите ништо во раце додека одите, можеби нема да ви пречи да платите 1.850 долари за робот кој ќе носи се наместо вас. Може да носи до максимум 9 кг.

- Advertisement -

Неговата батерија може да издржи повеќе од 30 км, а најголемата брзина која може да ја постигне е нешто помалку од 10 км/ч.

Роботот е опремен со камери, сензори и радар, кои му помагаат во навигацијата и следењето на сопственкот. Gitamini нема GPS, туку со своите камери и сензори може да го препознае сопственикот. Делот каде што можете да чувате работи се заклучува.

- Advertisement -

(The Verge)

(фото: Piaggio Fast Forward)

Сподели!
- Advertisement -