Од догодина бесплатен интернет на сите јавни површини

- Advertisement -

Владата му препорача на ЈП Нацонална радиодифузија да почне со спроведување на проектот за бесплатен државен WiFi  на отворени јавни површини на локации од интерес за туристи од страна на телекомуникациски оператори.

Во соработка со Министерството за информатичко општество и администрација, Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот и локалните самоуправи до крај на оваа година, треба да се подготви листа на локации на кои ќе има бесплатен WiFi за цела територија на државата.

- Advertisement -

До крајот на април следната година, пак, во соработка со Министерство за информатичко општество и администрација, Национална канцеларија за бродбенд компетентност и Агенцијата за електронски комуникации ќе одржат јавни состаноци со заинтересираните оператори и локалните самоуправи за реализацијата на обезбедувањето бесплатен безжичен WiFi на одобрените локации од интерес за туристите.

Фото – Pxhere

Сподели!
- Advertisement -