Фајзер тестира антивирусен лек за спречување на ковид-инфекција

- Advertisement -

Фајзер соопшти дека започнала голема студија за тестирање на орален антивирусен лек за да се спречи ковид-инфекција кај оние кои се изложени на вирусот, објави Ројтерс.

Студијата од средна до доцна фаза ќе го тестира лекот на Фајзер PF-07321332, на 2.660 здрави возрасни учесници, на возраст од 18 години и повеќе, кои живеат во исто домаќинство со лица со потврдена симптоматска инфекција.

- Advertisement -

Лекот PF-07321332, според соопштението, е дизајниран да ја блокира активноста на клучниот ензим потребен за репродукција на коронавирус, заедно со ниска доза на ритонавир, постар лек кој е широко користен во комбинирани третмани за ХИВ инфекција, објави Ројтерс.

Агенцијата потсетува дека лекот ремдесивир од компанијата Гилеад, кој се дава интравенозно, во моментов е единствениот што е одобрен во САД за лекување на пациенти заразени со Ковид-19.

- Advertisement -

Фото – Flickr

Сподели!
- Advertisement -