Facebook сега го има најдолгиот подокеански интернет кабел во светот – 2Africа

- Advertisement -

Facebook заедно со неколку телекомуникациски компании финансира проект кој ќе стане најдолгиот подокеански интернет кабел во светот. Станува збор за преоктот 2Africa, кабел кој ќе биде долг 37.000 км и кој ќе ги поврзува Африка, Европа и Азија откако ќе добие нов дел наречен 2Africa Pearls. Facebook минатиот месец соопшти дека конзорциумот ќе го продолжи кабелот до Сејшелите, Комора, Ангола и југоисточниот дел на Нигерија. Новиот сегмент би резултирал со вкупна должина од над 45.000 км.

Како што кажува и самото име, целта на иницијативата 2Africa е да овозможи поврзување со интернет на луѓето кои живеат во Африка, а кои моментално е најслабо поврзаниот континент.

- Advertisement -

Потпретседателот на Facebook за инфраструктура за вмрежување, Кевин Салвадори, изјави дека структурата ќе послужи за многу поголем број луѓе отколку што планирал конзорциумот.

(Klix.ba)

- Advertisement -

(фото: 2africa)

Сподели!
- Advertisement -