Веб-апликацијата „Брдкест“ обезбедува тридневен преглед за тоа колку птици ќе летаат над САД и каде. На пример, денеска по зајдисонцето, „Брдкест“ проценува дека 74.000 птици ќе летаат на небото над Њујорк, пренесува „Вокс“.
Алатката која е развиена од Корнел лабораторијата за орнитологија и неколку други универзитети, исто така во реално време прикажува каде се наоѓаат голем број од птиците на небото. Со други зборови, алатката е радар, но за птици.
Овој вид на технологија за предвидување е особено корисен бидејќи на есен миграцијата во Северна Америка се приближува до својот врв.
Секоја есен, милијарди птици преселници патуваат на југ во потрага по храна и потопло време, а некои летаат и до неколку илјади километри.
Извор – Радио МОФ