Македонскиот уметник Жарко Башевски ја има прва дигитална NFT аукција

- Advertisement -

Македонскиот уметник познат по своите хиперреалистични скулптури – Жарко Башески, ќе ја има  својата прва дигитална NFT аукција.  “Обичен човек / Ordinary Man” е името на една од неговите најпознати скулптури, моментално изложена во Брисел, а претходно дел од изложбата  во музејот Ла Бовери во Лиж, Белгија. Повеќе од 30,000 посетители, голем дел од нив сосема голи, биле сведоци на извонредната скулптура која го претставува човечкото тело во неговата најчиста форма. Ова познато хипер-реалистично дело патувало низ светот на многу изложби, а следни градови на листата се Лион, Парис и Милано. Иако повеќето хипер-реалистични дела извајани од Башески се бесценети и можат да си ги дозволат само богатите приватни колекционери на уметнички дела, Башески цели да ја направи неговата уметност достапна за јавноста со тоа што креира дигитални NFT верзии од неговите познати дела.

Делото “Обичен човек” ќе биде ставено на аукција како дигитална уметност преку најголемата платформа за NFT уметност – Opensea.io. Ова е прво дело од Башески кое влегува во светот на NFT уметноста. Само едно парче ќе биде продуцирано,  што го прави ова дело уште повредно за колекционерите на дигитална уметност. Аукцијата ќе започне на 1ви Октомври и ќе трае една недела. Сите заинтересирани љубители и колекционери на уметност можат да ја посетат Окс Галеријата (Ox_Gallery) на платформата Opensea и да учествуваат во аукцијата која ќе се базира на крипто валутата Етериум.

- Advertisement -

Жарко Башески  е македонски скулптор и професор на Факултетот за ликовна уметност во Скопје. Гледиштето во неговата работа е свртено кон човечкото, па оттука и интересот за хипер-реалистичниот пристап во обликувањето на концептот на делото, кој во теоретската проекција го надминува хипер-реализмот, зборува за животот и светот во кој живееме.

Во неговата работа има неколку елементи кои се нови во светот на скулптурата и тоа го прави неговото дело различно: концептот, современите погледи на човечката состојба преку самонабљудување, техниката на производство и употреба на нови материјали (полиестер од смола, поли мермери, силикон, природна коса), хипер-реалистичниот пристап, големината на делото, филозофскиот пристап, оваа уникатна комбинација нуди повеќеслојно читање на уметничкото дело.

Сподели!
- Advertisement -