Американски експерти предупредуваат дека повеќе не е доволно да се вакцинираат 60-70% од населението во светот

- Advertisement -

Повеќе претставници од американските здравствени власти веруваат дека процентот на вакцинирани луѓе ќе мора да дојде до 90% и повеќе за да се постигне оптимална заштита од КОВИД-19.

Присуството на делта варијантата дополнително ја засили потребата за вакцинирање на луѓето, велат американските експерти. Тие додаваат дека од делта варијантата научиле дека за постигнување вистинско ниво на заштита популацијата мора да биде вакцинирана над 90%.

- Advertisement -

Д-р Ентони Фаучи, водечки американски експерт за инфективни болести, изјави во мај дека новиот бран на болеста есенва може да биде спречен ако до 4 август се вакцинирани 70% од популацијата.

Што се однесува на САД, таму околу 56,5% од населението е целосно вакцинирано против КОВИД-19, односно над 185 милиони Американци се вакцинирани со две дози. Моментално може да се вакцинираат сите Американци од 12 години па нагоре.

- Advertisement -

(Zimo)

(фото: Pxhere)

Сподели!
- Advertisement -