Илон Маск стана дел од одборот на Twitter

- Advertisement -

Откако цела деценија извршниот директор на Tesla, Илон Маск, го критикуваше Twitter, сега ќе го кажува своето отворено мислење во одборот на социјалната мрежа. Откако купи удел од 9,2% во компанијата, Маск официјално стана 12-тиот член на одборот на Twitter.

За да добиете претстава колку ќе се слуша мислењето на Маск во одборот доволно е да знаете дека основачот на Twitter, Џек Дорси, има само 2 % удел во компанијата. Vanguard Group Inc. има 8,39% удел, а тоа е најголемиот институционален инвеститор во Twitter. Тоа значи дека Маск сам поседува повеќе од сите други.

- Advertisement -

Иако Маск се согласи да биде пасивен акционер, со оглед на карактерот на Маск и желбата да биде центар на вниманието, тој сигурно нема да биде пасивен слушател додека не заврши периодот на пасивност во 2024 година.

Кога извршниот директор на Twitter, Параг Агарвал, најави дека Маск се приклучува на одборот на компанијата, тој спомена дека од разговорите со Маск добил впечаток дека тој ќе биде многу битен член на одборот.

- Advertisement -

Маск можеби веќе се обиде да направи промени во компанијата кога направи анкета на Twitter и ги праша корисниците дали дакаат да ја имаат опцијата „измени“ („edit“). Иако и изврпниот диртектор на Twitter одговори на анкетата и ги предупреди корисниците да бидат внимателни, Маск сигурно нема да се откаже од предлагањето такви измени.

Освен тоа што е најбогатиот човек во светот, Маск има вистинска моќ на Twitter со своите 80 милиони следбеници и неговите анкети имаат најмногу одговори, а негвоите фанови би го следеле каде и да оди.

- Advertisement -

(Interesting Engineering)

(фото: Flickr)

Сподели!
- Advertisement -