Винербергер поведува иницијатива за зачувување на биоразновидноста

- Advertisement -

Компанијата „Винербергер“ во Македонија ја претставува својата ангажираност за зачувување на биоразновидноста кај нас. Во исто време, упатува повик и кон другите компании во заедницата да ѝ се придружат во одговорниот однос кон природата.

Сите знаеме дека под влијание на климатските промени, милиони животински видови низ целиот свет се во опасност од изумирање. Истото се случува и на Балканскиот Полуостров, каде што се наоѓа Македонија, кој е еден од најбогатите европски региони со биоразновидност, но воедно и со висок степен на ендемизам. Во време на најголемото нарушување на природната рамнотежа на целата планета, наша одговорност е да ѝ вратиме на природата со добро.

- Advertisement -

Затоа, компанијата „Винербергер“ во Македонија се придружува на идејата за зачувување на биоразновидноста на целата групација „Винербергер“. Со години наназад, под стреите на фабриката во Виница гнезда свиваат сè повеќе и повеќе ластовички. Зградата во која се произведуваат природни материјали од кои се изградени многу наши домови, во исто време е и дом на ластовичките – тука се размножуваат и оттука ги подготвуваат своите малечки за лет кон потоплите краишта на есен. Како што нивниот број се зголемува, така тие сè повеќе придонесуваат за „чистење“ на воздухот во Виница и околината од инсекти (во текот на летото една ластовица јаде околу еден милион инсекти!), со што и директно враќаат за гостопримството, правејќи ги летните навали од инсекти помали.

Како што се вели кај нас, една ластовичка пролет не носи, но штом се сторат цело јато – пролетта е тука. Се надеваме дека со нашата практика на живеење во хармонија со ластовиците ќе инспирираме многу слични практики во нашата заедница, за заедно да ја донесеме пролетта, односно почетокот на нашиот нов и одговорен однос кон природата, вели Владимир Златковски, директор на „Винербергер“ во Македонија.

- Advertisement -

За да поттикнат на размислување на темата, вработените на „Винербергер“ во Македонија ве повикуваат да ви ја претставуват својата приказна за зачувување на биоразновидноста кај нас на уникатен начин:

Сакаме барем на кратко да влезете во кожата на една (македонска, виничка) ластовица и да си замислите како изгледа светот преку нејзините очи. Уживајте во природните убавини на Македонија: надлетајте ги Осоговските Планини и Гратчевскиот Водопад, летајте над Плачковица, над оризовите полиња познати како кочански оризи. Уживајте и во културните богатства на виничката околина, како археолошкото наоѓалиште Виничко Кале. Каде и да одите, што и да правите, на крајот ќе се вратите на единственото место каде што ќе се чувствувате како дома.

- Advertisement -

Целата приказна на: https://bit.ly/3CWaTd6

Сподели!
- Advertisement -