Сеавус Акцелераторот отвора повик за стартапи – награда од 15.000 евра и инвестиција од најмалку 30.000 евра!

- Advertisement -

По успешно завршени четири програми,  во кои активно учествуваа 30 стартапи, Сеавус Акцелераторот го отвора петтиот повик за менторска и финансиска помош на стартапи.

Сеавус Акцелераторот во соработка со еден од најдобрите европски акцелератори, Startup Wise Guys и со  водечкиот инкубатор и акцелератор Spring Activator со седиште во Канада, креираа програма дизајнирана да ги зајакне внатрешните капацитети на претприемачите во рана фаза и да им помогне да ги скалираат своите бизниси на глобалниот пазар.

- Advertisement -

Поддржана од Академијата за претприемништво на Европскиот фонд за Југоисточна Европа (EFSE) и ЕУ, програмата Tech Boost се состои од две фази, пред-акцелераторска и акцелераторска фаза. Стартапите кои што ќе влезат во пред-акцелераторската програма и ќе продолжат во акцелераторската програма  имаат можност да освојат награда од 15.000 евра. Дополнително овие стартапи ќе имаат можност да се претстават пред инвестицискио одбор на Сеавус Акцелераторот со тоа и да добијат инвестиција од најмалку 30.000 евра и секако пред странски инвеститори и да обезбедат многу поголеми инвестициски фондови за нивните бизниси.

Што добиваат македонските стартапи со влегување во една ваква акцелераторска програма?

- Advertisement -
  • Пристап до 8-неделна програма на онлајн платформата на Startup Wise Guys
  • Учество во серија работилници на најразлични теми за скалирање на својот бизнис
  • Интензивна индивидуална менторска поддршка од локални и меѓународни ментори
  •  Индивидуални сесии со тимот на Сеавус Акцелераторот, Startup Wise Guys и Spring activators
  • Групни сесии со стартапи од македонија и регинот со фокус на размена на знаења и искуства.
  • Учество и претсавување на инетрнационална конференција
  • Демо ден на кој стартапите ќе се претсават пред домашни и интернационални инвеститори
  • Можност за влез во програмите на SWG и Spring Activator
  •  Награда за најдобриот регинален стартап до 15.000 евра
  • Можност за инвестиција од Сеавус Акцелераторот од најмалку 30.000 евра
  • Пристап до СЕДЦ таленти кои завршиле на нашите академии

И секако, како и секоја година, подржувачи на оваа програма се SwissEP кои даваат дополнителна вредност на програмата со вклучување на нивни ментори.

Апликацијата е отворена до 17ти Октомври

Apply Now
- Advertisement -

Дополнителни информации во однос на програмата може да добиете од координаторот на Сеавус Акцелераторот, Ангела Митриновска на  angela.mitrinovska@seavus.com / accelerator@seavus.com или на телефонскиот број 076405059.

Сподели!
- Advertisement -