Германските власти во понеделникот ја отворија фабриката која е првата фабрика која ќе произведува вештачки керозин, кој се смета за гориво кое нема да штети на животната средина.
Авијацијата моментално е одговорна за 2.5 отсто од светските емисии за јаглерод диоксид, гас кој придонесува за глобалното затоплување, пренесува „Еуроњуз“.
Додека останатите форми на транспорт стануваат електронски, предизвикот за создавање на големи авиони кои се напојуваат на батерија е застрашувачки.
Според експертите, решението на овој проблем можат да бидат таканаречените е-горива, кои ќе ги заменат фосилните горива без да се потребни големи технички промени кај леталата.
„Ерата на горењето на јаглен, масла и природни гасови полека згаснува, но истовремено никој не треба да ја жртвува потребата за летање. Поради ова, потребни ни се алтернативи на конвенционалниот керозин кој прави штета на животната средина“, изјавила германската министерка за животна средина, Свења Шулц на отворањето на фабриката.
При согорувањето вештачкиот керозин испушта онолку јаглерод диоксид колку што се испушта при неговото создавање, што го прави „јаглерод неутрален“.
Количеството на гориво кое фабриката може да го произведува од наредната година е многу скромно – само триесет литри дневно или само 1272 литри авионско гориво. Тоа ќе биде доволно за да се наполни еден мал патнички авион на секои три недели.
Од „Атмосфер“, германската невладина организација која што стои зад проектот, изјавиле дека целта е да се покаже дека процесот за создавање еко авионско гориво е технолошки, произведствено и финансиски возможен.
Цената на вештачкиот керозин кој е произведен во Верлте ќе биде далеку поскапа од цената на обичното авионско гориво, иако од организацијата не споделуваат за колку пари „Луфтханза“ ја купила алтернативата. Германската авио-компанија одлучила да откупи 25.000 литри од горивото во наредните пет години.
Извор – Радио МОФ