Вранец – балканскиот амбасадор во винскиот свет

- Advertisement -

Иницијативата „Светски ден на Вранецот“ по трет пат ги обедини земјите од Западен Балкан во прославувањето на оваа автохтона сорта. Оваа година во организацијата заеднички учествуваа здружението „Вина од Македонија“, „Винска Академија“ од Црна Гора и здружението на винарии „Енологија“ од Косово. Традиционално, главниот настан се одржа на 5 октомври, овој пат во хибриден формат.

Производителите на Вранец и неговите увозници низ светот организираа бројни промоции на вината од оваа сорта и се приклучија кон онлајн настанот кој истовремено се одржуваше во Подгорица, Скопје, Белград и Приштина.

- Advertisement -

Во рамки на „Светскиот ден на Вранецот“ беа организирани панел дискусии и мастерклас предавања во соработка со светски вински професионалци, на кои детално се говореше за сортата „Вранец“ и за нејзиниот потенцијал. Над 20 врвни вински професионалци, специјализирани новинари, вински судии, сомелиери, вински фотографи и блогери, како и вљубеници во виното, ги посетија производителите од Македонија, Косово и Црна Гора и беа дел од прославата на автохтониот Вранец. Целта на прославата е прилично јасна, оваа сорта со своите уникатни карактеристики и потенцијал, да биде претставена пред светот, да биде истражувана и да стане дел од светската винска сцена и лозови насади, со оглед на уникатните предности како што е нејзината отпорност кон климатските промени.

Зборувајќи за Вранецот, претседателот на здружението „Вина од Македонија“, Светозар Јаневски, посочи дека оваа регионална иницијатива е исклучително значајна и треба да помогне да обезбедиме заслужено место во винската индустрија во глобални размери.

- Advertisement -

-Географската распространетост на вранецот не е единствената причина зошто заедничкиот настап и промоција се потребни и значајни. Сите земји од регионот се соочуваат со слични проблеми во своите вински индустрии и се обидуваат да најдат пласман за своите вина на странските пазари. Доколку заеднички се бориме за етаблирање на сортата вранец, ползата ќе ја почувствуваме подеднакво.

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство е значаен економски партнер во промоцијата и подобрувањето на стратешката позиција на Вранецот. Како што посочи министерот Аријанит Хоџа, “ваквите напори придонесуваат за остварување на долгорочните економски цели, а тоа е извоз на висококвалитетни флаширани вина кои нудат одлична вредност за цената”. И додаде дека “унапредувањето на винската индустрија ќе придонесе и за унапредување на поврзаните индустрии како што се земјоделството, туризмот и екологијата.”

- Advertisement -

Посебноста на оваа сорта, нејзините карактеристики и потенцијал се основата за понатамошна промоција на странските пазари на оваа, но и на останатите сорти кои се карактеристични за нашиот регион.

Прославата на Светскиот ден на Вранецот започна како иницијатива од страна на здружението „Вина од Македонија“ во 2019 година и претставуваше првичен напор за стратешка промоција и позиционирање на Вранецот на интернационалната винска сцена. Првото издание се одржа во Скопје и се сметаше за „тектонско поместување“ во промоцијата на Вранецот. Второто издание во 2020 година беше организирано онлајн поради ковид мерките, но сепак успеа да ги соедини винските експерти од Германија, Велика Британија, САД, Холандија и Словенија.


За повеќе информации котактирајте не на:

contact@wom.mk

Сподели!
- Advertisement -