Европската агенција за лекови ќе разгледува експериментален лек за КОВИД-19

- Advertisement -

Европската агенција за лекови потврди дека идните денови ќе разгледува дали ќе почне со детален преглед на елскерименталниот лек за КОВИД-19 кој го развива фармацевтската компанија Merck.

Merck развива антивируна таблета, а првите истражувања покажуваат дека таблетата може да ги преполови шансите за смрт или хоспитализација кај луѓето кои се во најголема опасност од зараза со најтешка форма на корона вирусот ако се земе во првите денови од заразата.

- Advertisement -

Европската агенција за лекови ќе разгледува дали ќе почне со детален преглед на тој експериментален лек.

„Компанијата која го развива лекот досега пријавува импресивни резултати. Она што можеме да кажеме е дека навистина ќе рзгледаме дали ќе почнеме со постапна оценка на овој орален лек. Идејата е да утврдиме дали податоците ја поддржуваат таквата постапна оценка и можеме ли правовремено да дојдеме до мислење за употребата на овој производ“ изјави Марко Кавалери, претседател на работната група на Европската агенција за лекови која се занимава со корона вирусот.

- Advertisement -

(Dnevnik.hr)

(фото: YouTube)

Сподели!
- Advertisement -