Доделена главната награда од наградната игра Happy Visa Викенд на Шпаркасе Банка во соработка со VISA

- Advertisement -

6.10.2021 г. Денес пред седиштето на Шпаркасе Банка беше доделена главната награда од наградната игра „Happy Visa викенд“ – автомобилот KIA SPORTAGE. Во текот на наградната игра, која започна од 6 август и траеше сè до 24 септември, беа доделени вкупно 70 ваучери за викенд патување за двајца во земјата, а како главна награда беше доделен автомобилот, кој му припадна на Виктор Неделкоски од Тетово.

Право на учество имаа сите полнолетни физички лица – корисници на дебитните и кредитните картички VISA издадени од Шпаркасе Банка, кои за времетраењето на наградната игра направија трансакција во износ поголем или еднаков на 500,00 денари.

- Advertisement -

Во наградната игра беа вклучени сите трансакции направени од корисникот на картичката и/или од корисниците на дополнителните картички, на продажните места и е-commerce трансакции (плаќање преку интернет) во земјата и надвор од неа.

Им честитаме на сите добитници и им посакуваме да уживаат во наградите и секако да останат верни корисници на услугите на Банката.

Сподели!
- Advertisement -