Научници направија уред за „воздушен надзор“ на корона вирусот

- Advertisement -

Научници од Сингапур осмислија уред кој го открива корона вирусот во воздухот во затворени простории, со што се зголемува можноста за „воздушен надзор“ на вирусот како дополнение на тестирањето на луѓето.

Методата на надгледување на воздухот значи дека раното предупредување на ризикот од инфекција може да се врши во болничките оддели и во пензионерските домови, а може да се зголеми и способноста за следење на вирусот на јавни места каде што се собираат многу луѓе во затворен простор, како што се рестораните и киносалите.

- Advertisement -

Тимот научници од Технолошкиот универзитет Нанјанг во Сингапур и од Националниот универџзитет во Сингапур ги споредија резултатите од надгледувањето на воздухот со резултатите од површинските брисови земени во два локални болнички оддели во текот на првиот бран од пандемијата на корона вирусот во Сингапур лани и утврдиле дека примероците од воздухот подобро го детектираат пшрисуството на вирусот отколку брисовите.

Спорев Ирван Лухунг, коавтор на студијата од Технолошниот универзитет на Сингапур, резултатите ја покажале сестраноста и осетливоста на земањето примероци од воздухот за следење на вирусот САРС-КоВ2 во болничките средини, што претходно не се знаеше дека е возможно поради големата вентилација во болниците.

- Advertisement -

(Zimo)

(фото: Flickr)

Сподели!
- Advertisement -