Три техники на тренирање на мозокот кои ги користел Никола Тесла

- Advertisement -

Никола Тесла е најпознат по своите изуми за електрични системи на наизменична струја, но покрај тоа, неговото име се наоѓа на уште околу 300 патенти од разни области. Во текот на својот живот Тесла постојано работел ан проекти и често ги реализирал до крај. Имал и чудни навики како спиење од само 2 часа дневно.

Сепак, она што го остварил не би било возможно без строг сет од правила за зголемување на неговата продуктивност.

- Advertisement -
  1. Добро размислете пред да направите нешто

Никола Тесла честопати велел дека може да ги замисли машините и ретко правел нацрти пред да почне со работа на нивната изградба. Овој процес на визуелно размислување не е својствен за сите луѓе, но основната идеја е дека едноставно треба да се концентрира на конечниот производ.

За креативно размислување честопати е неопходно да се опуштите и да порабортите на проблемите во својата глава. Во својата автобиографија Тесла го опишува тој процес вака: „Мојата метода е поинаква. Јас не брзам со конкретна работа. Кога ќе добијам идеја, јас веднаш почнувам со нејзина изработка во својата глава. Ја менувам конструкцијата, правам поправки и управувам со машината во својата глава. Целосно е небитно за мене дали ја тестирам турбината во главата или во работилница. Можам дури и да забележам ако нешто не правам како што треба. Нема никаква разлика, а резултатот е ист.

- Advertisement -

2. Одете на прошетка

Познато е дека одењето на кратка прошетка има свои предности кога е во прашање креативноста. И Тесла изгледа имал такво мислење, а иако неговите прошетки станале дел од опсесисвно-компулсивното однесување, тој имал неколку еурека моменти токму поради прошетките. Една од нив му ја донела идејата за наизменична струја додека бил на прошетка во Будимпешта, каде што закрепнувал од нервен слом.

- Advertisement -

3 Работете на проблемите сами

Како многу иноватори и креативни ликови, и Тесла ја застапувал тезата дека треба да бидете сами додека создавате и размислувате. Ова е еден од неговите прочуени цитати: „Умот е поостар и поконцентриран кога е осамен и во непрекината самотија. За размислување не е неопходна каква било лабораторија. Оригиналноста пристигнува осамувајќи се и ослободувајќи се од какви било влијанија кои ни го оштетуваат креативниот ум. Бидете сами, тоа е тајната на иноваторите. Бидете сами, тогаш се раѓаат идеи“.

(N1.hr)

(фото: Wikimedia)

Сподели!
- Advertisement -