Еден од најпопуларните социјални сервиси во светот, TikTok, на кој милиони луѓе од целиот свет секојдневно објавуваат и размнуваат свои кратки видеа, наскоро ќе се појави на LG паметните телевизори, односно на моделите од 2020 и 2021 година кои се опремени со оперативен систем webOS 5.0 или webOS 6.0.
Поддршката за TikTok доаѓа како надградба на софтверот за таа серија LG телевиозри и веќе е достапна во некои региони, а од LG велат дека TikTok ќе пристигне и на постарите модели од 2019 година во текот на наредните неколку месеци.
Апликацијата за LG телевизорите на почеток ќе биде ограничена во Велика Британија, Франција и во Германија, но веруваме дека наскоро ќе се најде и во другите држави од Европа, иако тоа уште не е потврдено.
Со оглед на тоа дека Tik-Tok има систем на прегледување во портретен мод, односно вертикално видео, искуството од гледање на телевизор веројатно нема да биде совршено, но јасно е дека сервисот сака да го зголеми бројот на корисници во целиот свет, па настојува да се најде на сите платформи со екран.
(Vidi.hr)
(фото: Pixabay)