Американската сојузна агенција за заштита на фауната одлучи да прогласи 23 животински врсти за изумрени. Агенцијата утврди дека тир врсти изумреле и почна процес за нивно повлекување од листата со загрозени видови.
Владините експерти сметаат дена на многу начини се обиделе да ги пронајдат тие 23 врсти птици, риби и други животни. Предупредуваат дека климатските промени и уништувањето на живеалиштата, покрај другите фактори, може да доведат до се почести изумирања на животни и растенија.
„Со климатските промени и исчезнувањето на природните подрачја каде што живеат, се повеќе животински видови се на работ на опстанок. Сега е време за проактивни, колаборативни и иновативни начини за да ја спасиме дивината на Америка“ изјави Деб Халанд, американска министерска за управување со федералните природни ресурси и територии.
Исчезнувањето на овие животински видови се потсетник дека изумирањето е последица на промените во животната средина кои ги предизвикува човекот. Меѓу изумрените има 11 врсти на птици, 8 врсти на слатководни школки, две врсти на риби, една врста на лилјак и една билка, објави агенцијата.
(N1)
(фото: Wikimedia)