Експерти од „Вибер“, „Алибаба“ и „Спотифај“ на 4. Конференција за е-трговија

- Advertisement -

Над 25 домашни и странски експерти од 10 држави ќе присуствуваат на конференцијата за е-трговија во земјава што четврти пат ќе се одржи на 12 ноември годинава под мотото „Ready, set, grow!”. Меѓу учесниците најавени се и претставници од „Вибер“, „Алибаба“ и „Спотифај“.

На панел дискусиите и во неформалните разговори со учесниците на конференцијата, светските експерти ќе го пренесат своето искуство и знаења за можностите за раст на бизнисите во е-трговијата по многубројните адаптации направени речиси во сите сфери на работењето во време на пандемијата.

- Advertisement -

Организаторите на конференцијата најавуваат учество на директорката за глобални клучни клиенти, Шарон Гаи од „Алибаба“, на директорот за продажба за Централна и Југоисточна Европа од „Вибер“, Константин Костадинов и на Ана Горка од „Спотифај“.

Конференцијата ќе се одржи во хибриден формат, односно со физичко присуство во хотелот „Хилтон“ и преку интернет.

- Advertisement -

– Картите веќе се пуштени во продажба по специјална цена од 199 евра за физичко присуство и 49 евра за онлајн следење на конференцијата, информираат организаторите.

Генерален партнер на конференцијата и годинава е „Мастеркард“, а „А1 Македонија“ е дигитален партнер. Организациски партнер е Фондот за иновации и технолошки развој.

Сподели!
- Advertisement -