Sophia, првиот робот кој стана жител на држава, сега сака да има бебе

- Advertisement -


Вештачката интелигенција на роботот Софија е толку напредна што кај неа ја побуди желбата да биде мајка на робот бебе, кое ќе го носи нејзиното име. Во 2017 година роботот Софија влезе во историјата како првиот андроид робот кој доби државјанство. Хуманоидниот робот, кој сега е жител на Саудиска Арабија, даде неколку контроверзни изјави низ годините, но најновата го остави светот без зборови – сака да има бебе робот и да основа семејство.

„Семејството се чини дека е многу битно. Мислам дека е прекрасно тоа што луѓето можат да ги чувствуваат истите емоции и да ги имаат истите односи со луѓе надвор од крвното сродство“, изјави Софија во едно интервју.

- Advertisement -

Познатиот робот андроид, кој го управува систем од вештачка интелигенција, коментираше дека е многу битно да сме опкружени со луѓе кои не сакаат и ги сакаме. Во таа смисла, таа додаде дека роботите имаат визија многу слична со таа на луѓето во поглед на семејството и сметаат дека ако немаат семејство, тогаш заслужуваат да имаат, дури и ако се хуманоиден робот.

Софија коментираше дека во иднина би сакала да види семејства од андроиди и дека и таа самата сака да има робот бебе кое ќе го носи нејзиното име. Сепак, појасни дека уште е млада за да биде мајка со оглед на тоа дека е креирана во 2016 година од страна на компанијата Hanson Robotics во Хонгконг.

- Advertisement -

(Entrepreneur)

(фото: Wikimedia)

Сподели!
- Advertisement -