Нови цени на горивата

- Advertisement -

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) донесе одлука со која врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 3,41 % во однос на Одлуката од 4.10.2021 година.

Во изминатиот седумдневен период сите референтни цени на светските берзи во просек бележат зголемување: кај бензинот за 4,632%, кај дизелот за 5,931%, кај екстра лесното масло за 6,115 %  и кај мазутот за 4,333%.

- Advertisement -

Во истиот период курсот на денарот во однос на доларот е повисок за 0,650 % .

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемуваат за 2,00 ден/литар, додека малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1)  се зголемуваат за 2,50 ден/литар во однос на малопродажните цени утврдени со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 04.10.2021 година.

- Advertisement -

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 1,630 денар/килограм и со тоа малопродажната цена  на Мазутот М-1 НС изнесува 42,761 ден/кг.

Од 13.10.2021 година од 00:01 часот максималните цени на  нафтените деривати ќе изнесуваат:

- Advertisement -

Моторен бензин                     ЕУРОСУПЕР БС – 95                              75,50              (денари/литар)

Моторен бензин                    ЕУРОСУПЕР БС -98                              77,50 (денари/литар)

Дизел гориво                          ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V)                        67,50              (денари/литар)

Масло за горење                    Екстра лесно 1 (ЕЛ-1)               67,00 (денари/литар)

Мазут М-1 НС                                                                                                                                        42,761           (денари/килограм)

Напоменуваме дека ова се максималните цени на нафтените деривати од 00:01 часот на 13.10.2021 година. Трговците на големо и трговците на мало со нафтени деривати и горива за транспорт можат да ги формираат цените на одделни нафтени деривати и горива за транспорт и пониско од највисоките утврдени цени.

Малопродажните цени на  ЕУРОДИЗЕЛ и ЕУРОСУПЕР БС – 95 во Северна Македонија и неколку  земји од ЕУ (https://ec.europa.eu/energy/data-analysis/weekly-oil-bulletin_en од 4.10.2021) се дадени во табела на веб страната на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на РСМ www.erc.org.mk.

Сподели!
- Advertisement -