Триглав полиса за корисници на кредит која целосно ги покрива кредитните обврски
Во најлош случај, дали на вашето семејство ќе му оставите долг или наследство?
Ризико полисата за осигурување на живот на корисници на кредит, на Триглав Осигурување Живот АД Скопје, овозможува максимална финансиска заштита за вашето семејство.
Оваа полиса обезбедува отплата на кредитот во случај на смрт на кредитобарателот од страна на Триглав Осигурување Живот АД Скопје, со истовремено целосно покритие во случај на смрт од ковид-19, и на овој начин семејството на кредитобарателот не е дополнително оптоваренo со преземање на кредитните обврски, бидејќи истите во целост се покриени со полисата.
Сите корисници на кредит кои веќе имаат активен кредит во некоја од македонските банки, можат да ги осигураат своите моментални кредитни обврски со склучување на полиса во висина на неотплатен кредитен износ. Премијата за полисата зависи од вашето кредитно задолжување, која може да изнесува и само 4 евра месечно.
Само финансиски одговорните луѓе се осмелуваат на кредитна изложеност. Покажете ја вашата одговорност и финансиски заштитете го Вашето семејство.