ВИДЕО: Произведено првото возило во светот направено без фосилни горива

- Advertisement -

Volvo го претстави првото возило во светот кое е направено од челик за кое не се користени фозилни горива. Пред неколку месеци пишувавме за првиот челик во светот направен со HYBRIT технологијата, кој SSAB му го испорача на Volvо. Наместо производство на челик со користење на печки на јаглен и кокс, HYBRIT технологијата овозможува користење на водородни катализатори и електролучни печки кои работат на обновлива енергија.

Сега Volvo го претстави првото возило во светот направено од челик за чие производство не се користени фосилни горива. Освен што нема емисија на стакленички гасови, камионот може да следи однапред програмирана рута за транспорт на материјали на градилиште, како што можете да видите од видеото во прилог.

- Advertisement -

Volvo признава дека целиот челик користен во камионот не е направен со HYBRIT технологија затоа што во него има и челични компоненти од доставувачи од трети страни кои се направени со традиционалната метода, но 3 тони од вкупната тежина на камионотсе направени од „зелен челик“.

Volvo планира да почне производство на мала серија од овие камиони идната година и потоа да го зголемува тој број, што ќе зависи од количината HYBRIT челик што ќе им го испорачува SSAB.

- Advertisement -

Шведскиот производител на автомобили верува дека ќе го воведе челикот без фосилни горива во сите свои возила до 2026 година.

(Vidi.hr)

- Advertisement -

(фото: Wikimedia)

Сподели!
- Advertisement -