Шведска компанија го направи првиот челик во светот без користење фосилни горива

- Advertisement -

Шведската компанија SSAB го произведе првиот челик во светот направен целосно без користење фосилни горива во производството и го испорача на познатиот производител на автомобили Volvо. Ова е битен чекор напред за Шведска на патот до декарбонизација на земјата затоа што новите модели на Volvo возила по прв пат ќе бидат изработени од еколошки челик.

Новиот челик е произведен со процес наречен HYBRIT и ќе се користи за изработка на електрични камиони.

- Advertisement -

„Првиот челик во светот без користење фосилни горива не е само битно достигнување за SSAB, туку претставува и доказ дека може значително да се намали карбонскиот отпечаток на индустријата за челик. Се надеваме дека тоа ќе ги поттикне и другите исто така да ја забрзаат зелената транзиција“ велат од SSAB.

Компаниите SSAB, LKAB и Vattenfall заеднички го развиле процесот HYBRIT и во него ја вклучиле научната заедница. Работата која ја завршиле SSAB, LKAB и Vattenfall го поттикнува развојот на целата индустрија и претставува успешен меѓународен модел.

- Advertisement -

SSAB во процесот на производство на челикот наместо печење на јаглен и на кокс користи водородни катализатори и негови сопствени електрични лачни печки кои работат на обновлива енергија, а сета железна руда која се користи во процесот доаѓа од рударски операции во кои не се користат фосилни горива.

SSAB е внимателен со користењето на терминот „зелен челик“ затоа што не постои официјална дефиниција или стандарди според кои може да се даде таква дефиниција. Затоа, велат дека нивниот челик е создаден без употреба на фосилни горива или фосилни суровини и додаваат дека се произведува без создавање емисија на CO2 и без користење извори на енергија со фосилни материјали.

- Advertisement -

Добиениот метал има ист квалитет како и обичниот челик, но се разбира, со повисока цена. Како ќе влијае тоа на цената на возилата? Па, основниот модел на Volvo XC90 T5 во САД се продава за околу 50.000 долари, а цената на суровиот материјал се движи од 2.200 и 4.125 долари. Тоа значи дека без оглед на тоа колкава ќе биде цената на HYBRIT челикот на пазарот, тоа има мало влијание врз вкупната цена на возилото, па не би требало да дојде до значајно поскапување.

(Vidi.hr)

(фото: Wikimedia)

Сподели!
- Advertisement -