Job Fair 2021 – Чекор поблиску до твојата кариера

- Advertisement -

Продолжувајќи ја успешната шеснаесетгодишна традиција на Job Fair, настан организиран од страна на Бордот на Европски Студенти по Технологија (БЕСТ) – Скопје, Ви го најавуваме седумнаесетото издание на Саемот за вработување и кариера, и оваа година во компактно, виртуелно издание. Ве покануваме да бидете дел од овој настан во кој ќе бидат вклучени студенти и компании од техничката сфера.

Job Fair се гордее што веќе седумнаесет години за сè повеќе студенти претставува вистинскиот чекор кон посакуваната кариера.Тимот на БЕСТ Скопје ве охрабрува да дознаете -повеќе да Job Fair и да го посетите виртуалниот настан кој ќе се оддржи од 1-19 ноември.

- Advertisement -

Што е всушност Job Fair?

Job Fair, како еден од најголемите настани кои ги организира БЕСТ – Скопје, нуди можност студентите на интересен и интерактивен начин да се запознаат со работата и визијата на партнер-компаниите, сѐ со цел да се олесни потрагата по на работно место кое е поврзано со нивната сфера на студии. Дополнително компаниите имаат шанса да станап во контакт со младите преку рафиниранта CV датабаза кој Job Fair ја нуди на техничките компании. Но, тоа не е сѐ. Имено, студентите оставаат CV  на нашата веб страна и ја имаат можноста да станат дел од многуте студенти кои преку Job Fair ја имаат пронајдено нивната идеална пракса.

- Advertisement -

На овој начин студентите имаат можност да бидат повикани на интервју за работа и да започнат ново поглавје во нивниот професионален живот.

Што може да очекувате од настанот?

- Advertisement -

Networking настани

Networking настаните се најдобриот начин за студентите да се запознаат со партнер компаниите како и да дознаат за сè она што партнер-комапнииите можат да го понудат на индите практиканти и вработени.

Вебинари

Вебинарите се многу важен дел од виртуелното издание на Job Fair. Тие постојат со цел студентите да можат да го надополнат своето знаење за релевантни теми од страна на техничниот свет како и што подобро да се запонзаат со интересите и културата на нашите партнер-компании.

Job Fair се залага да им понуди што повеќе можности на студентите и младите луѓе кои се интересираат да влезат на пазарот на трудот. Со таа цел инфо состаноците и вебинарите претставуваат поволна можност за поставување на релевантни прашања во однос на пракса, вработување, културите на компаниите и многу други прашања со цел студентите да го направат најдобриот избор при одбирање на својата пракса или вработување.

Тимот на БЕСТ- Скопје Ве поканува на седумнаесеттото издание на Job Fair, кое ќе се оддржи од 1-ви до 19-ти ноември.

Доколку сакате да дознаете нешто повеќе, ве охрабруваме да ја посетите веб страна на Job Fair www.vjobfair.org.mk, како и да ги следите најновите информации на нашите социјални медиуми. 

Сподели!
- Advertisement -