Коридорот 8 да биде готов до 2030 година, предвидува Меморандумот потпишан од Македонија, Албанија и Бугарија

- Advertisement -

Министрите за транспорт на Северна Македонија, Бугарија и на Албанија, Благој Бочварски, Христо Алексиев и Белинда Балаку денеска во Софија, потпишаа Меморандум за разбирање за изградба на Коридорот 8. Документот одредува јасни датуми за развој на трите земји и нивните активности на Коридорот 8.

По потпишувањето на Меморандумот, министерот Бочварски изјави дека Скопје е силно посветено на изградба на инфраструктурните проекти и оти во шестгодишната стратегија на Владата, земјата ветила 2,7 милијарди евра во нејзиниот развој, јави дописникот на МИА од Софија.

- Advertisement -

Северна Македонија планира да инвестира 200 милиони евра во првиот квартал од 2022 година за изградба на железничката мрежа на Коридорот 8 кон Бугарија. Владата на Северна Македонија обезбеди средства за првите две делници, а останува да бидат обезбедени и за третата од Крива Паланка до Деве Баер, која ќе чини 400 милиони евра. За изградба на експресниот пат од Куманово до Деве Баир во правец кон Бугарија се обезбедени 90 милиони евра. Бочварски предвидува целата траса на Коридорот 8 на територијата на Северна Македонија ќе биде изградена до 2030 година, а веројатно и порано. Има подготвен проект за железничкиот дел од Кичево до границата со Албанија, но се бараат можности да се најдат средства. Кракот на Северна Македонија кон Албанија е 70 километри.

Бугарскиот министер за транспорт Алексиев исто така предвидува дека до 2030 година Коридорот 8 ќе биде готов. Тој најави дека Бугарија следната недела ќе го започне тендерот за изградба на железничката делница помеѓу Перник и Радомир, а во 2022 година другата делница од Радомир до Ѓуешево, за која веќе има технички проект. Според првичните проценки, овој дел ќе чини 200 милиони евра. Бугарија работи заедно со Северна Македонија и на граничниот тунел.

- Advertisement -

Албанија,  како што рече министерката за транспорт и енергија Балаку, работи напорно на изградба на пат до границата со Северна Македонија, како и на специјално пристаниште за Коридорот 8.

Тројцата министри, на Бугарија, Северна Македонија и Албанија, се согласија дека Коридорот 8 има стратешко значење не само за нивните економии, туку и за подобра поврзаност на Балканот со Западна Европа, Црното Море и други партнери во Европа.

Сподели!
- Advertisement -