Кинескиот технолошки гигант Xiaomi ќе започне со производство на првите автомобили во својата историја – 100% електрични, и тоа во првата половина на 2024 година.
Објавувањето на овој одлучувачки чекор на Xiaomi го даде Леи Џун, Извршен директор, за време на состанокот на инвеститорите во компанијата, а потоа официјално го потврди портпаролот на кинеската компанија.
Xiaomi ги објави своите планови да влезе во целосно нов сектор за компанијата – автомобилската индустрија, на крајот на март оваа година, додека објави дека ќе започне со почетна инвестиција од 10 милијарди јени (над 1,5 милијарди американски долари), а во следните 10 години посветеноста на компанијата кон проектот ќе биде илустрирана со вкупно 10 милијарди долари.
Во почетокот на септември, Xiaomi го објави официјалното име на својата марка на автомобили – Xiaomi EV.