Педесет и пат мали, жолти, автономни роботи на четири тркала станаа дел од поштата на Грција. Тие ги скенираат поштенските кодови, ги мерат пратките и со помош на сензори ја сортираат поштата во соодветните вреќи.
Роботите можат да сортираат до 168.000 пратки дневно со максимална тежина од 15 кг, а батериите треба да им се полнат на секои 4 часа во времетраење од само 5 минути.
Роботите се дел од поштенската програма за дигитално реструктурирање, која има за цел да се справи со се поголемиот број на онлајн нарачки како резултат на пандемијата на корона вирусот.
„Се до неодамна ростирање на пратките го вршеа нашите работници, што одземаше повеќе време, честопати се случуваа грешки, доцнење на пратки кај нашите клиенти и трошоците за компанијата беа многу повисоки“ изјави извршниот директор на грчката поштенска компанија Hellenic Post, Џорџ Константопулос.
До 80% од пратките кои треба да се сортираат сега се работа на роботите, а Константопулос вели дека сега процесот е трипати побрз, што значи дека пратктие може да стигнат кај корисниците веќе наредниот ден.
„Целта не е да се заменат луѓето со роботи, туку да се зголеми човечката работна сила и да се направат луѓето поефикасни“, додаде Константопулос.
(World Economic Forum)
(фото: Facebook)