Организацијата за храна и земјоделство при Обединетите нации (ФАО) во соработка со ОУ „Крсте Петков Мисирков“ и Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, денеска организира настан во битолското село Егри по повод одбележувањето на Светскиот ден на храната.
Светскиот ден на храната оваа година повикува на глобална солидарност да се преземе акција и да се сензибилизира јавноста за тоа како секој од нас има важна улога во трансформирање на нашите земјоделско-прехранбени системи, менувајќи го начинот на кој ја произведуваме, трансформираме, консумираме и фрламе храната – од владите, до приватните компании, земјоделците, граѓанските организации, академијата и сите поединци, вклучувајќи ги и најмладите!
Оваа година, ФАО го доближува Светскиот ден на храната до децата од руралните средини за да се запознаат со значењето на земјоделско-прехранбените системи и како младите луѓе можат да преземат акција да станат херои на храната и да ги направат системите за храна поодржливи, поотпорни, поправедни и поинклузивни.
На настанот ќе се обратат Росана Дуџак постојана координаторка на Обединетите нации во Северна Македонија, Кирил Георгиевски од Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство и националниот тим лидер на ФАО, Кристина Митиќ Арсова.