Пад на градежништвото во ЕУ

- Advertisement -

Градежништвото во Еврозоната се намали за 1,3 проценти и за 1,8 проценти во Европската унија во август во споредба со јули, проценува Еуростат, пренесува весникот „Данас“.

Во тие месеци, нискоградбата е намалена за 1,4 проценти, а високоградбата за 2,1 проценти. Најголем пад е регистриран во Шведска, за повеќе од една десетина, следува Унгарија со 5,9 и Германија со 3,1 отсто.

- Advertisement -

Највисокиот месечен раст се случи во Португалија, за 2,4 проценти, додека градежништвото во Словачка и Полска се зголеми за помалку од два проценти.

Во споредба со август минатата година, нискоградбата во ЕУ падна за 1,5 проценти, а високоградбата за 0,7. Во еврозоната падот е уште поголем, за речиси три проценти во нискоградбата и 1,3 проценти во високоградбата.

- Advertisement -

Што се однесува до годишниот пад и раст меѓу земјите-членки, тој е нешто поразличен од месечниот, особено кога станува збор за Унгарија. Најголеми губитници се Шпанија (-13,9), Романија (-7) и Словенија (-6,8). Најголем пораст е забележан во Унгарија (10,2), Полска (7,9) и Финска (4,7).

Сподели!
- Advertisement -