PayPal сака да го купи Pinterest

- Advertisement -

Сервисот за онлајн плаќање PayPal ја разгледува можноста за купување на друштвената мрежа Pinterest. Неколку неименувани извори споделија податоци дека компаниите се во напредна фаза на преговори.

Вредноста на Pinterest е проценета на 45 милијарди долари. Ако навистина и се реализира зделката ќе биде најскапо купување во технолошкиот сектор годинава и највисока сума исплатена за друштвена мрежа до сега воопшто .

- Advertisement -

Двете компании веќе се во преговори и цената која PayPal би ја исплатил е 70 долари за акција на Pinterest, вели Bloomberg. Ова е и најголема сума која PayPal досега ја платил за некоја компанија. Истовремено оваа сума ќе биде значително повисока од цената од 26,2 милијарди долари која Microsoft ја плати за LinkedIn.

Друштвената мрежа во PayPal ќе биде дел од „супер апликацијата“. PayPal веќе има систем за плаќање, а со Pinterest ќе има и платформа за рекламирање и визуелна друштвена мрежа која е одлична за визуелно пребарување. Со ова друштвената мрежа треба да му помогне на PayPal да влезе на полето на е-трговијата во друштвени мрежи.

Сподели!
- Advertisement -